Жозе Мурињо изјави дека тимот на Фенербахче што го предводи е подобар од Ренџерс во пресрет на реваншот меѓу двата тима на „Ајброкс“ во осминафиналето на Лига Европа, јави ДПА. Сепак, турскиот тим мора да ја надополни негативата од 1:3 во Глазгов, откако нивната серија од 18 натпревари без пораз беше прекината од шкотскиот тим во првиот натпревар. Иако призна дека Фенербахче заслужено загуби, Португалецот реши притисокот да го префрли на противникот, верувајќи дека неговиот тим е подобар и целосно верува во способноста да направи пресврт и да се пласира во следната фаза од турнирот.
„Мислам дека Ренџерс не е подобар тим од нас и мислам дека имаме шанси да се квалификуваме. Не е поради тоа што сум повреден или сакам реванш или дека треба да докажеме дека сме подобри. Навистина верувам дека сме подобри. Но, како што кажав по првиот натпревар, заслуживме да загубиме. Не сакам да се оправдувам бидејќи направивме грешки и тие го искористија тоа. Беа мотивирани, заедно се бореа. Заслужија да не победат и немам лоши чувства. Имаме толку важен натпревар во недела што ако чувствував дека немаме шанса, ќе се подготвевме директно за викендот. Но, јас не се подготвувам за недела, се подготвувам за утре (вечерва од 21 часот) бидејќи искрено верувам дека имаме шанса“, додаде Мурињо.
„Во последните 19 натпревари одигравме 18 добри и постигнавме 18 добри резултати. Исто така, еден слаб натпревар против Ренџерс и еден лош резултат со нив. Ние сме тимот од тие 18 натпревари, а не оној од минатата недела“, сака да верува стручњакот.
„Не знам дали „Ајброкс“, кој е култен стадион, како и многу други во Шкотска и Англија, ќе толерира одбранбени тактики како во Турција. Тоа беше успешно за нив, но и многу дефанзивно. Не знам дали ќе го прифатат тоа“, додаде тој.
„Подготвени сме за двата пристапа. Подготвени сме доколку Ренџерс реши да игра на ист начин – во низок блок, чекајќи ги нашите грешки и контранапади. Или ако Фергусон реши да игра поинаку. Знаеме што да правиме во двете опции. Не сакам да победиме со 4-0 и да се квалификуваме, само сакаме да се обидеме“, заклучи Жозе Мурињо.