Консеисао за гласините за отказ: „Во фудбалот сум долги години и навикнат сум на се“

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Тренерот на Милан, Серхио Консеиао, верува дека гласините за негов отказ и потенцијалните замени се показател на непочитување, но тој не може да контролира што велат луѓето пред дуелот од Серија А против Комо на домашен терен овој викенд. Милан ќе брка втор последователен успех во шампионатот, откако во претходниот меч победи на гостувањето кај Лече со 3:2.

„Реакцијата на момците беше фантастична во однос на духот што го покажаа. Сакам да гледам ваков став, исто така и на тренинзите. Работиме на работи кои досега не сме ги пробале како тим”, коментираше Консеиао на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар, цитиран од Milan News.

„Се бориме секој ден за да ги постигнеме нашите цели. Ова е важно за тимот. Ако го направиме тоа, нашите резултати ќе се подобрат. Фокусирани сме на сегашноста, а сега имаме важен и тежок натпревар против Комо. Не треба да размислувам за далечната иднина. Мора да работиме секој ден. Момците се среќни и мислам дека сме во добар момент. Мораме да продолжиме на овој пат и ќе видиме што ќе се случи“, изјави тренерот на Милан.

Договорот на Серхио Консеиао е до 2026 година, но Милан може да го раскине договорот без да плати дополнителна сума на крајот од тековната сезона.

„Не можам да контролирам што велат или мислат другите. Можам да контролирам што правиме на тренинзите, а останатото е она што е. Во фудбалот сум долги години и навикнат сум на се. Понекогаш има недостаток на почит кон оние кои се уште се тука, но јас сум навикнат на тоа. Тоа е фудбалот“, објасни стручњакот.

Слични содржини