Американски сенатор: Се ослободувам од мојата Tesla, Маск испадна кретен.

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Американскиот сенатор Марк Кели, кого мултимилијардерот Илон Маск го нарече предавник, најави дека се ослободува од својата Tesla.

„Овде сум во Вашингтон, последен пат возам до работа во мојата Tesla“, рече Кели, демократ од Аризона, во видео кое го сподели на X.

„Кога го купив ова нешто, не мислев дека ќе стане политичко прашање. Секогаш кога ќе се качам во овој автомобил во последните 60 или повеќе дена, ме потсетува на колкава штета и нанесуваат Илон Маск и Доналд Трамп на нашата земја“, вели тој во видеото.

„Илон Маск стана кретен на некој начин и не сакам да возам автомобил направен и дизајниран од кретен“, додаде тој.

Слични содржини