Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, е убеден дека „црвените ѓаволи“ ќе покажат понизност и глад за успех на дуелот со Лестер во Премиер лигата во недела. 20-кратниот шампион на Англија ремизираше 1-1 со Арсенал во првенството, а потоа го победи Реал Сосиедад со 4-1 во Лига Европа, уживајќи во успешна недела.
„Се е многу важно и мораме да продолжиме со чувството дека можеме да ги добиваме натпреварите еден по друг. Не е важно времето за одмор или времето за подготовка за следниот натпревар. Можеме да го направиме тоа и го покажавме тоа против Арсенал. Мораме да бидеме скромни и да го заборавиме тоа, да заборавиме на табелата и пласманот и да се соочиме со Лестер како што се соочивме со Реал Сосиедад“, изјави португалскиот специјалист за медиумите во саботата.
Јунајтед се наоѓа на 14-то место во поредокот откако е елиминиран од турнирите во Купот на фудбалската асоцијација и Лига купот.
Тимот од Манчестер најверојатно ќе може да смета на Мануел Угарте, Хари Мегваер и Мејсон Маунт на претстојниот натпревар против „лисиците“.