Мицкоски: Народот на избори треба да каже дали и кој треба да понесе морална одговорност

од Vladimir Zorba
530 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва соопшти дека сега за сега не се планира воведување вонредна состојба во државата и не планираат да вклучат меѓународни експерти во делот на истрагата за трагичната несреќа во Кочани.

– Можеме тоа самите да го завршиме, потенцира Мицкоски во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан за моралната димензија, премиерот нагласи дека кај него како човек секогаш постои и оти тука нема никаква дилема.

-Ниту вие треба да имате дилема. Осум месеци, нецели девет месеци работам онолку колку што можам за да го поразам овој корумпиран систем и тука немам никаква дилема. Дали треба човек да чувстува морална одговорност? Да, сите ние треба да чувствуваме морална одговорност. Дали само јас треба да чувствувам, ако е тоа потребно еве и тоа го прифаќам, целата морална одговорност нека биде на мене, но прво ќе го поразам овој систем, односно ќе биде како што треба. Односно, сето ова што денеска го почнуваме ќе вроди со плод,  а потоа нема поголем суд од судот на народот на избори кој треба да каже дали и кој треба да понесе морална одговорност, рече Мицкоски.

Слични содржини