3,K
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, на прес-конференција одби да одговори дали ќе поднесе оставка по трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Папазов, градоначалник од 2021 година, не даде конкретен одговор за евентуална одговорност, нагласувајќи дека повеќе информации ќе сподели на прес-конференцијата.
На прашањето кој дал дозвола за работа на објектот, Папазов најави дека ќе даде изјава на прес-конференција, без да открие детали, но следна изјава за медиумите не закажа.
Тој потврди дека не бил приведен ниту распрашуван од истражните органи и дека во моментот е со министерот и обвинителите.