Македонија ја потресе невидена трагедија – во пожарот што избувна во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се повредени. Бројни јавни личности искажаа големо жалење и поддршка за сите блиски на настраданите, како од земјава, така и од соседството. Меѓу нив беше и пејачот Владо Георгиев.
Георгиев на својот профил на социјалната мрежа „Х“ изрази шокираност и тага, повикувајќи ги сите да се молат за настраданите.
– Страшна трагедија во Кочани. Да се молиме за душите на жртвите. Господе боже, можно ли е вакво нешто да се случи во 2025 година? – напиша тој.
Stravična tragedija u Kočanima😭
Pomolimo se za duše stradalih🙏🏻
Gospode Bože, da li je moguće da se ovako nešto dogodi 2025. ? ☦️— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) March 16, 2025
Професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата „ДНК“, го загуби животот во пожар во дискотека во Кочани, потврдија од Факултетот за музичка уметност.
Пејачката Каролина Гочева со болни зборови се прости од Сара.