Министерството за економија и труд соопшти дека е подготвено за целосна соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата што се случи во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
52 прегледи

Министерството за економија и труд соопшти дека е подготвено за целосна соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата што се случи во Кочани.

Во официјалното соопштение, од Министерството истакнуваат дека ќе обезбедат поддршка во сите законски постапки и ќе се заложат за откривање на секое евентуално прекршување на законот. „Секое злоупотребување на позицијата за лични профити ќе се третира со соодветна сериозност“, се наведува во соопштението.

Граѓаните имаат право на точни информации и да бараат отчетност од институциите, додаваат од Министерството, потенцирајќи дека се посветени на спроведување на законот и воспоставување на правдата.

Истрагата за трагедијата е во тек, а јавноста очекува брзи и транспарентни одговори.

Слични содржини