57
Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска во 12 часот на Платото на Универзитетот ќе одржат организиран заеднички час во знак на почит кон жртвите од трагичниот настан во дискотеката во Кочани.
Како што соопшти Универзитетското студентско собрание, студентите ќе имаат можност да запалат свеќи, да остават цвеќе и да се потпишат во книгата на жалост.
Заедничките собири ќе продолжат секој ден до 21 март 2025 година, со почеток во 12 часот, на различни кампуси низ УКИМ. Студентите упатија порака на солидарност и повикаа на единство во овие тешки моменти.