Трагично починатата Сара беше професорка по пијано и остави две деца зад себе

од Nikola Popovski
414 прегледи

Професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата ДНК, го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани. Тажната вест ја соопштил факултетот на кој Сара предавала.

„Со длабока тага и неверување ве известуваме дека нашата колешка, проф.д-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидена трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добро девојче…“, пишува во објавата на социјалните мрежи. Веста за нејзината трагична смрт ја потресе земјава, а колегите и пријателите се простија од неа со трогателни пораки и изрази на сочувство до нејзиното семејство.

Пројковска била самохрана мајка на две деца, а нејзиниот сопруг, трубачот и професор Александар Николовски, починал во 2021 година на 48-годишна возраст. Таа во текот на својата кариера била придружен вокал за речиси сите поп пејачи во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S.Projkovska (@saraprojkovska)

За потсетување, во пожарот што избувна во саботата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а уште 22 се во критична состојба. Се претпоставува дека во моментот на пожарот во ноќниот клуб имало 500 луѓе.

Покрај Сара, од бендот ДНК е потврдена смртта на клавијатуристот Филип Стефановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Горѓи Горѓиев и пејачот Андреј Ѓорѓиевски. Загинаа и Игор Велков, тонецот на групата и битбоксерот Мартин Атанасовски, познат како Мартин Буцо.

Фронтменот на бендот, Владимир Блажев Панчо е во болница на кислородна поддршка со изгореници по целото тело.

Слични содржини