Јаневска го поправува имиџот: Министерката спаси човек во Кочани

од Марта Пешевска
741 прегледи

Министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска, доцна синоќа беше во посета на Кочани, каде во едно од училиштата одржа итен состанок со вработените во образовните институции. Темата на состанокот била трагедијата што се случи во ноќниот клуб „Пулс“, во која загинаа десетици лица, меѓу кои и ученици од двете средни училишта во градот.

Како што пренесува Метропола, состанокот се одвивал во траорна атмосфера, а во еден момент на еден од присутните му се слошило и тој колабирал. Министерката Јаневска веднаш реагирала, втрчала да му помогне и му го извлекла јазикот за да спречи задушување.

Јаневска, која по професија е доктор, е специјалист патолог и редовен професор на Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Инаку, министерката Јаневска, како што известуваа голем број на медиуми за време на вчерашниот отворен час на УКИМ била исвиркана од страна на студентите,  со херојски чин спаси човечки живот.