Коцевски: Има уште три лица по кои треба да се постапува, но во моментов се хоспитализирани

од Nikola Popovski
396 прегледи

Има уште три лица кои што се хоспитализирани, меѓутоа по нив не може сега да се постапува имајќи во предвид дека се во болница. Две лица се тука во земјава, а едно е надвор, изјави републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски за инволвираните во трагедијата во кочанската несреќа и постапувањето во однос на распит на осомничени лица. Информира дека кога медицинскиот персонал односно надлежните лекари дека ќе кажат дека ќе може со нив да се изврши разговор, тогаш јавниот обвинител ќе постапи.

Според него, увидот на лице место се вршел најпрофесионално. Местото на дискотеката се уште се обезбедува и доколку има потреба, ќе се врши дополнителен увид.

Запрашан дали и како е опфатен во истрагата градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, Коцевски информира дека тој веќе дал исказ во ОЈО Кочани. По претресот и подигнувањето на документацијата во зградата на општината Кочани, ќе се анализираат доказите во однос на неговата надлежност и овластувања.

За пожарот во дискотеката во Кочани досега се приведени 18 луѓе, а во краткотраен притвор се 16. Извршени се разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 во Кочани. За 16-мина изречен е притвор од 48 часа.

Слични содржини