19
Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да остане во клубот и следната сезона.
Играчот од средниот ред има 39 години, но сака да го продолжи договорот со шпанскиот гигант на една година, објави Фабрицио Романо на социјалните мрежи.
Актуелниот договор на Хрватот со Реал Мадрид е до 30 јуни 2025 година.
На 44 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, Лука Модриќ има 4 гола и 7 асистенции за мадриѓаните.