30
Српскиот парламент денеска ја потврди оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ.
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ му се заблагодари на Вучевиќ за чесното извршување на должноста додека ја извршуваше функцијата премиер, како и за неговото одговорно и храбро однесување.
Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по нападот врз студентите во блокадата во Нови Сад.
Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада. Доколку во рок од 30 дена не се избере нова влада, ќе се одржат парламентарни избори.
Владата на Милош Вучевиќ беше избрана на седница одржана на 2 мај 2024 година.