Огромната тага во Македонија се уште е присутна по изгубените 59 животи во кочанската трагедија. Граѓаните на плоштадот „Македонија“ во Скопје и понатаму палат свеќи во чест на загинатите. Се оставаат и цвеќиња околу фонтаната.
Синоќа илјадници граѓани се собраа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти. Преку мирен протест и создавајќи ѕвездено небо, присутните изразија сочувство и заедништво.
МВР соопшти дека денешните приведени осомничени кои се дел од полицијата, сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи дискотеката „Пулс“ да работи во супстандардни услови.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на ДНК бендот и полицаец којшто бил на должност. Повредени се над 190 луѓе, од кои голем дел се хоспитализирани во Македонија, Бугарија, Србија, Турција, Грција, Хрватска и други европски земји.
Фото: Локално