Десет лица повредени во ужасниот пожар во Кочани се хоспитализирани на Воено-медицинската академија во Белград. Нивната состојба и понатаму е тешка и многу сериозна.
Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица од Македонија.
– На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка состојба. Единствен позитивен развој е што еден пациент го напуштил одделението за интензивна нега и бил префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Што значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување, истакнал за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик-началник на ВМА и главен дежурен хирург.
Во пожарот што избувна во неделните утрински часови загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени, од кои речиси половина се лекуваат во странство.
Пожарот избувнал околу 02:30 часот и бил предизвикан од пиротехнички прскалки кои го запалиле таванот нд дискотеката.