Одржан првиот состанок на новото движење на Вучиќ, меѓу основачите академици и професори

од Nikola Popovski
405 прегледи

Состанокот на иницијативниот Одбор за формирање на српското „Движење за народот и државата“ се одржа денеска, а во него покрај српскиот претседател Александар Вучиќ учествуваат и неколку членови на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), неколку редовни професори од факултетите, претседателот на Асоцијацијата на Албанците во Србија и други, јави денеска ТВ Пинк, а потврдил и министерот за култура на Србија, Никола Селакоиќ.

Како што се наведува во вестите на таа телевизија, меѓу основачите на „Движењето за народот и државата“ се редовните членови на САНУ – хематологот Бела Балинт и композиторот Светислав Божиќ, седуммина со звање професор, како што се ендокринологот Ѓуро Мачут, редовен професор на Правниот факултет во Белград, Бранко Ракиќ, хирург и редовен професор на Медицинскиот факултет во Ниш, Горан Станојевиќ, невролог и редовен професор на Факултетот за медицински науки во Крагуевац, Светлана Милетиќ Дракулиќ.

Меѓу нив се и професорите Ненад Арсовиќ, Дејан Ѓурѓевиќ, Борис Братина, како и претседателот на Здружението на Албанците во Србија, Демо Бериша и генералниот секретар на Здружението на банки на Србија, Марина Пападакис.

Вучиќ вчера најави дека денеска ќе се одржи иницијативниот состанок за формирање на Движењето, дека на состанокот ќе присуствуваат десетина лица и дека тогаш ќе започнат сите дејствија поврзани со неговото формирање.

Според неговите најави, движењето ќе се организира како здружение на граѓани, а одборот ќе заседава утре „од 11 или 12 часот“, но не кажа каде.

Вучиќ со години најавува формирање на движење, а собирот на СНС во јануари во Јагодина го означи како почеток на процесот на создавање на „Движењето за народот и државата“.

Слични содржини