Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата.
Според министерот за здравство, Арбен Таравари, вкупно надвор од државата се лекуваат 115 пациенти.
„Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата. Само неколку пациенти во странство се критични. Повеќе се на механичка вентилација, но повеќемина се стабилизираат“, рече Таравари.
Во земјава моментно се лекуваат 55 пациенти од пожарот.