Умеров: Разговорите со САД во Саудиска Арабија беа продуктивни

од Nikola Popovski
14 прегледи

Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров во неделата информира дека разговорите со американската делегација во Саудиска Арабија биле „продуктивни“ и фокусирани на енергетскиот сектор.

„Разговаравме за клучните прашања, вклучително и енергетскиот сектор“, додаде Умеров во својот пост на платформата „X“.

Министерот за одбрана на Украина ја предводи делегацијата на неговата земја на разговори кои се дел од дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на тригодишната војна.

Средбата на делегацијата на САД и Украина претходи на разговорите меѓу американската и руската делегација закажани за понеделник.

Средбата се одржува по серијата разговори одржани во Саудиска Арабија, прво меѓу САД и Русија, а потоа и меѓу САД и Украина, кога Киев го прифати предлогот за 30-дневен прекин на огнот.

Рускиот претседател, Владимир Путин се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски постројки, но одби да одобри целосен 30-дневен прекин на огнот.

Слични содржини