Министерството за внатрешни работи излезе со демант околу откачената заштитна ограда на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Според полицијата, оградата веќе е санирана.
-Во врска со објавите во дел од медиумите за наводно недавање дозвола од страна на Министерството за внатрешни работи за санација на оградата на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, МВР ги известува граѓаните дека оградата на мостот е веќе санирана. Имено на 20.03.2025 од страна на град Скопје – ЈП „Улици и патишта“ доставено е барање до МВР на кое веќе следниот ден (21.03.2025) е позитивно одговорено, по што надлежното јавно претпријатие ја изврши санацијата на оградата од мостот, велат од МВР.
Ресорот предводен од министерот Панче Тошковски апелира до медиумите да се пласираат точни и проверени информации во насока на транспарентно известување на јавноста.