Сите пратенички групи се согласија на привремено одложување на работата, велат од Кабинетот на Гаши

од Nikola Popovski
36 прегледи

За, како што велат, широко распространетите обвинувања за одложување на работата на Собранието минатата и оваа недела, од Кабинетот на спикерот Африм Гаши велат дека ваквата одлука е донесена како резултат на согласност на сите присутни пратенички групи на координативната средба одржана на 24.03.2025 година.

Според Собранието, привременото одложување на активностите на Собранието беше гест на почит кон трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија млади луѓе и израз на солидарност со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа катастрофа.

-Повторуваме дека оваа одлука не е резултат на какво било индивидуално или еднострано политичко одлучување, туку е одраз на заедничката институционална волја на сите пратенички групи да дејствуваат со чувствителност во момент на национална жалост. Собранието ќе продолжи со работа следната недела, појаснуваат од Кабинетот на Гаши. Најавуваат дека во законодавниот дом се работи на законски решенија кои од понеделник ќе се пуштаат во процедура, како и дека се очекува да пристигнат предлог закони поднесени од Владата и министерствата.

Дел од јавноста негодуваше поради ваквиот однос на пратениците и сметаат дека вакви „одмори“ не се земаат во тешки ситуации за државата. Според дел од поранешните пратеници кои биле едно време во состав на законодавниот дом, сомневањата се дека законодавната власт донела било каква одлука сама за себе, туку одлуката ја донеле партиите, а ја спровеле претседателот на Собранието и координаторите. Сметаат дека во оваа тешка ситуација, Парламентот требаше деноноќно да заседава и работи, да анализира и реагира, да ангажира во комисиите стручни лица кои заедно ќе достават измени во законите.

Дали Собранието „побегна на принуден одмор“: „Доколку Парламентот ја вршеше суштински функцијата која ја има во системот, Македонија немаше воопшто да биде во вака тешка ситуација“

Слични содржини