Бранко Бабиќ, српскиот милионер кој лажно го обвини „лидерот на студентските протести“ за пукањето во градот Оџаци минатиот викенд, објави дека ја напушта Србија.
„Србија стана веројатно најлошото и најодвратното место за живеење во последните четири месеци. Можеби никогаш не успеав да најдам земја што ја сакам повеќе, поради што никогаш не се преселив“, изјавил Бабиќ во видеото што го објави на Инстаграм.
„Сепак, благодарение на студентите, професорите и родителите кои ја напумпаа оваа наша прекрасна земја и ја претворија во она што е денес, се одјавувам од Инстаграм. Одам на некои понормални места, каде што луѓето не се грижат за политиката. Уживајте“, додал тој.
Бабиќ се појави во јавноста откако во саботата во Оџаци беше Бојан Михајловиќ, поранешен УФЦ борец. Според полицијата, на пукањето и претходела расправија, но не се знае точно што го предизвикало инцидентот.
View this post on Instagram
Сепак, дел од српските таблоиди и весници, повикувајќи се на Бабиќ, објавија дека осомничениот за пукањето е човек по име М.М., „водач на студентските протести“, додека ранетиот Михајловиќ го опишаа како личност која „ја бранел општината Оџаци“.
„Вечерва во Оџаци мојот пријател беше ранет со два куршуми од водачот на студентските протести. Ова е војна и запомнете, нема да заврши вака“, изјавил Бабиќ кратко по пукањето. Следниот ден повторно се огласил.
„Денес имаме малку поинакви информации. На видеото се гледа лице кое според мене дефинитивно не е М.М. Има речиси 80 години и ако не се лажам, не би можел вака да трча“, рекол тој и додал дека М.М. всушност не е лидер на студентските протести.
Бабиќ е познат како „кралот на веѓите“ бидејќи меѓу првите во Србија започнал бизнис со трајна шминка на веѓите. Тој основал академија за предавање различни техники на цртање и продажба на производи, а себеси се нарекувал „крал на веѓите“.
По потекло е од Ратково кај Нови Сад, каде има голем имот. Поседува и вештачко езеро.