Во Кучково, Општина Ѓорче Петров се отвора Регионален Центар за Канцер, проект кој се реализира во соработка со невладината организација САНО и со финансии од локалната самоуправа и Швајцарската агенција за развој.
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојковски, изјави дека Центарот ќе им овозможи на болните деца да добијат психолошка и социјална поддршка, како и ресоцијализација и интеграција во општеството за време на нивната борба со оваа болест.
„Овој проект е прв од ваков тип на ниво на Македонија и регионот,“ нагласи Стојковски.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека проектот е еден од десетте кои министерството за локална самоуправа ги реализира во соработка со Швајцарската амбасада и дека е од големо значење за заедницата.
„Објектот се реновира за 23 милиони денари, од кои 19 милиони денари се обезбедени од локалната самоуправа и Швајцарската амбасада. Во Центарот ќе може да добиваат дневна помош 15 деца, како и еден родител,“ додаде Перински.