Видевски не е сигурен дали Манев му испратил фотографија од Жежовски пред грабнувањето, судењето за Панче и Вања добива нова димензија

од Даниел Ѓорѓиевски
44 прегледи

Исказот на Боре Видевски, даден во судот, се разликува значително од оние што ги изнел во полицијата и обвинителството. Тој во првичниот исказ потврдил дека критичниот ден не бил на работа во Велес, но не можел да го потврди тоа поради непријавување.

„Не ми е познат Жежовски, никогаш не сум го видел, иако знам кој е. Изјавата што претходно ја дадов не е точна, бидејќи бев во стрес. Воопшто не пристуствував на настанот за кој ме обвинувате. Никогаш не сум се возел во неговиот Цитроен, како можам да се возам со некого кого не го познавам?“ изјави Видевски, читајќи од неговиот исказ, пред обвинителката Стојковиќ.

На прашањето дали се возел во Цитроенот на Жежовски на 22 и 27 ноември, Видевски категорично одговори: „Не сум се возел, ви кажав каде бев тогаш.“

Првообвинетиот Љупчо Палевски го праша дали на 22 ноември се возел со Цитроенот од Велес кон Рудник. „Не,“ кратко одговори Видевски, додавајќи дека ниту еден полицаец не го прашал дали поседува оружје.

Палевски потоа го праша дали може да потврди дека Манев на 13.11.2023 година му испратил фотографија од Панче Жежовски. „Можеби, но не сум сигурен. Било кој може да ми испрати слика без врска со мене и јас ги игнорирам,“ заклучи Видевски.

Слични содржини