ДУИ: Гледаме извртување на правдата за Кочани – во притвор се оние кои не се на функција

од Nikola Popovski
679 прегледи

ДУИ гледа со неверување на фактот дека нема вина кај актуелните директори на ДПИ, УЈП и Јавна безбедност и министрите за економија и внатрешни работи за пожарот во кочанската дискотека.

-Овие лица се директно надлежни, институционално и правно, да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип.vОвие се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат врз доказите и да вршат притисок врз сведоците. Но, ниеден од нив не одговара. Наместо тоа, гледаме извртување на правдата: во притвор се оние кои не се на функција, немаат институционално влијание и не можат да го попречат процесот, порачуваат од партијата на Али Ахмети.

Според опозициската партија, дури и студент на прва година од Правен факултет знае дека не постои причински последична врска низ годините, кога сите дозволи и лиценци се обновуваат секоја година. Од ДУИ велат дека „ова не е правда туку трансакција“.

Од партијата од Мала Речица велат дека нема да молчат на, како што посочуваат, селективноста во истрагата.

-И нема да дозволиме дежурни виновници да се вадат од партискиот тефтер на премиерот,  од заробено судство и политичка корупција, стои во партиското соопштение.

„Жалам што од ДУИ не излегоа од онаа матрица што ја гледаме на политичката сцена повеќе од 20 години и, наместо да изразат сочувство и да се вклучат во истрагата, се обидоа овој случај да го политизираат и етнизираат, односно на глодачки начин се обидоа да добијат некој политички поен на сметка на несреќата на овие невини жртви“. Вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше реакцијата на ДУИ.

Власта води политички прогон, а не истрага , обвинуваат од ДУИ, откако поранешниот министер Бектеши доби 30 дневен притвор по несреќата во Кочани. Ќе соработувале со секоја истрага, но немало да молчат пред прогон.

Слични содржини