Еден од најважните соработници на Илон Маск поддржувал група сајбер-криминалци

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Едвард Користин, еден од најважните соработници на Илон Маск во неформалниот „Оддел за владина ефикасност“, помогнал на група за сајбер криминал преку неговата фирма која јавно се фалела дека хакирала и продавала украдени податоци.

Користин стана познат по прекарот „големи топки“, а сега Ројтерс откри контроверзен дел од неговото минато.

Имено, Користин ја основал компанијата DiamondCDN која обезбедувала услуги за одржување на интернет услугите, како и нивна заштита.

Еден од клиентите беше групата EGodly, која водеше веб-страница на која беа прикажани документи украдени од архивите на владините агенции во САД и други земји.

Во еден случај од 2023 година, групата EGodly објави лични информации за полициските агенции во Јужна Америка и Источна Европа на Телеграм, а само неколку месеци пред тоа објавија приватни информации за агент на ФБИ.

Случајот со агентот на ФБИ беше особено контроверзен, поради фактот што оваа група тоа го направи од одмазда. Тој, како што пишува Ројтерс, бил ангажиран во истрагата за нивниот сајбер криминал, а EGodly објавувал фотографии од неговиот дом, неговиот приватен телефонски број и други приватни детали на Телеграм.

Дополнително, нивни членови го нарекувале и го навредувале, а дошле во неговиот дом среде ноќ, исто така да го навредуваат.

Не е сосема јасно дали постоела директна врска меѓу соработникот на Маск и оваа група, но индикативно е дека EGodly повеќепати јавно му се заблагодарува на DiamondCDN за „заштитата“ и слични услуги.

Да потсетиме дека во центарот на скандалот беше уште еден член од тимот на Маск, Марко Елез. Американските медиуми открија дека Елез преку анонимни сметки на социјалните мрежи објавувал расистички пораки, особено кон луѓето од Индија.

И покрај тоа што неговата сопруга е од Индија, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс јавно го поддржа Елез по обелоденувањето на контроверзните изјави.

Слични содржини