📽️ Драма на телевизија во живо за време на земјотрес: Луѓето се држат еден до друг – нова снимка од Мјанмар

од Даниел Ѓорѓиевски
100 прегледи

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој утринава го потресе Мјанмар, фати многу луѓе без претпазливост.

На социјалните мрежи кружат снимки, а една од нив е снимена во телевизиско студио за време на снимањето на една емисија. На видеото се гледа како луѓето седат и разговараат, а потоа започнува паника кога сè почнува да се тресе.

Луѓето се чудат и се плашат, а потоа почнуваат да се гушкаат и да се држат.

За потсетување, два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. По 12 минути, е регистриран втор земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј.

Слични содржини