Хрватска, Албанија и Косово постигнаа трилатерален договор за соработка за одбраната и безбедноста, кој беше поддржан од многу фактори, вклучително и НАТО, но наиде на големо противење од страна на Србија. Се поставува прашањето каде се наоѓа Македонија во оваа ситуација, објави поранешниот пратеник во Собранието и актуелен професор, Ружди Матоши за воениот договор меѓу трите земји од Западен Балкан кој беше потпишан пред десетина дена.
Матоши прашува зошто нема интерес од македонска страна за учество во таков договор, особено затоа што сме и членка на НАТО.
-Можеби „српскиот свет“ на Вулин и Вучиќ завладеал со руски салати. Над 30% од Албанците живеат во Македонија и главно се ориентирани кон евроатлантските вредности, но доколку не се изградат консензуални позиции за ориентацијата на земјата, може да дојде до голем судир околу ориентацијата на земјата.
П.С. Неодамнешното присуство на Додик во Македонија и владиниот претставник на земјата на фотографии со српски претставник како Додик ја докажуваат руската салата, стои во објавата на Матоши на социјалните мрежи.
Матоши е поранешен член во Нова демократија на Имер Селмани и на ДПА на Мендух Тачи.
Косово и двете земји од регионот кои се дел од НАТО, Албанија и Хрватска, потпишаа декларација за продлабочување на соработката во областа на одбраната и безбедноста. Без конкретни детали, министрите за одбрана на трите земји порачаа дека ќе ја зголемат интероперабилноста на нивните армии преку едукација, обука и заеднички вежби, како и дека ќе се вклучат во борбата против хибридните закани, но и ќе ги координираат политиките за евроатланска интеграција.