Во интервју за „Дејли Клик“ на ТВ21, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, зборуваше за важните аспекти на квалитетот на играчите во земјата. Тој истакна дека нашите фудбалери не добиваат соодветна вредност во македонските клубови, но кога ќе заминат во странство, често создаваат успешни кариери.
Како примери, Омерагиќ ги спомена фудбалерите Миовски и Трапановски.
„Во нашата средина се цени само успехот. Погледнете го Миовски – дали добиваше шанса да игра кај нас, а сега учествува во Лигата на шампионите. И Трапановски, кој немаше минутажа во Шкупи, а сега е еден од најдобрите во Данди Јунајтед“, рече Омерагиќ.
Омерагиќ истакна дека има многу такви примери, но за жал, во нашето првенство често се носат играчи со сомнителни квалитети.
„Често се случува да ни доаѓаат ди-џеи и да ги претставуваме како одлични засилувања“, завршува Омерагиќ.