Легендарниот англиски селектор Хари Реднап на шега го нарече Томас Тухел германски шпион. Неговите зборови дојдоа како одговор на прашањето дали Англија ја направи вистинската работа со назначувањето на Германец за селектор.
– Не знам. Искрено, мислам дека е германски шпион. Тухел беше испратен да не уништи. „Ви велам, тој е како лордот Хуа-Хау за време на војната“, рече со насмевка Реднап, кој во својата кариера беше на чело на „Трите лава“, а ги водеше и Бурнмаут, Портсмут, Тотенхем, Вест Хем, КПР и Бирмингем.
Лорд Хау-Хау беше прекарот на Вилијам Џојс, кој емитуваше нацистичка пропаганда во Обединетото Кралство за време на Втората светска војна.
Тухел е првиот Германец и трет странец кој ја предводи Англија по Свен Горан Ериксон и Фабио Капело. „Трите лава“ ги добија првите два меча под негово водство – 2:0 над Албанија и 3:0 над Летонија.