ССМ излегува на улица на 2. април

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука да излезат на улиците на Скопје на 2-ри април. Ова е поради одлуката на Владата за еднострано усвојување на информацијата, според која утврдија минимална плата, на штета на рработниците во Македонија и неприфаќајки ги предлозите за висината.

Според Трендафилов, не се преговара со поголемиот дел на гранските синдикати на ССМ ниту за висината на платите во јавниот сектор.

-Од последната прес-конференција се засилија нападите кон ССМ и другите синдикати од политичка партија и политички поставени директори кои земаат плати од нашите плати кои ги плаќаме како даноци. Ги плаќаме за жестоко да се борат со закани и уцени, откази и намалување на плати на наши активисти, со цел да направат друг репрезентативен синдикат на штета работниците, кажа претседателот на ССМ на прес-конференција и упати апел за поддршка на ССМ од страна на работниците.

Трендафилов истакна дека не се тука за да ја рушат Владата, туку за да им се покачат платите за да се живее достоинствено.

Минималната плата за 2025 година ќе се зголеми за 2 685 денари во бруто-износ, односно за 1 812 денари во нето-износ, рекоа од Владата. Уште претходно синдикатите излегоа со предлог за утврдување на минималната плата согласно законот, но и донесување на одлука со која минималната плата ќе се зголеми за дополнителни 6.000 денари. Тоа ќе повлече зголемување и на другите плати.

Слични содржини