Украинските војници го зголемија бројот на напади врз енергетската инфраструктура во регионите Курск и Белгород, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„И покрај изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за наводниот прекин на намерното уништување на руските енергетски објекти од страна на режимот во Киев, вооружените сили на Украина само го зголемија бројот на напади врз енергетската инфраструктура во регионите Курск и Белгород на Руската Федерација“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости.
Забележано е дека во петокот во регионот на Белгород, вооружените сили на Украина со беспилотни летала гаѓале објект на компанијата Белгороденерго, трафостаница и трансформатор, што, како што велат, резултирало со исклучување на целата трафостаница.