Министерството за здравство: Четири пациенти кои се лекуваа во странство отпуштени на домашно лекување

од Љубиша Владимиров
16 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека бројот на хоспитализирани пациенти од несреќата во Кочани останува непроменет. Во Скопје на лекување се 16 лица, кои се во стабилна општа состојба. Од нив, шестмина се згрижени во стара Градска болница, шест во ГОБ „8 Септември“ и четворица во Клиничкиот центар.

На Клиниката за токсикологија во последните 24 часа биле примени четири пациенти од странство. По направените токсиколошки анализи, тие биле пуштени на домашно лекување, а сите се во добра здравствена состојба.

Во Солун, кај двајца пациенти е забележано подобрување, па тие биле екстубирани и преместени од интензивна нега на одделот за пластична хирургија.

За останатите пациенти нема промени во состојбата, а засега не се најавени нови враќања на повредени од странство.

Слични содржини