Мурињо го напушта Фенербахче?

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Репрезентацијата на Бразил е заинтересирана да го ангажира за тренер легендарниот Португалец Жозе Мурињо, откако му завршува мандатот во Фенербахче.

Асот на Жозе Мурињо не се прослави во Фенербахче. Ниту по 11 години не успеа да ја врати титулата во Истанбул, а она по што е познат и повторно го прави е создавање хаос во турскиот фудбал. Тамошните медиуми пренесуваат дека „Специјалниот“ речиси со брзина на светлината ќе го заврши мандатот во Фенер, а бидејќи секогаш има заинтересирани за неговите услуги, следната станица би можел да биде Бразил.

И тоа националната селекција. Бразилскиот фудбалски сојуз е подготвен на Мурињо да му понуди тренерска функција. Тие сакаат да преговараат со турскиот клуб за откупување на последната година од договорот, а Мурињо е прв пик за тренерската позиција.

Бразил неодамна го замени Доривал Жуниор по скандалот и големиот пораз од Аргентина (4:1), па сега имаат мисија да најдат нов селектор. Освен Мурињо, кандидати за таа позиција се Жорже Жесус (Ал-Хилал), Абел Фереира (Палмеирас) и Карло Анчелоти (Реал Мадрид). Како што му доликува, зборот на Мурињо ќе биде „последен“ во овие важни преговори.

Кога го презеде Фенербахче, Мурињо го предводеше тимот на 47 натпревари со учинок од 29 победи, 11 нерешени и седум порази. Тоа не беше доволно за да се престигне најголемиот ривал Галатасарај, кој сезонава речиси сигурно повторно ќе ја освои титулата.

На последниот натпревар во Купот на Турција, Мурињо успеа да предизвика нов скандал. Го фати за носот противничкиот тренер Окан Бурук, па го чека сериозна суспензија. Фудбалскиот сојуз на Турција се уште не ги објави казните, а според информациите, Мурињо се соочува со суспензија од пет до 10 натпревари водење на тимот.

Доколку се случи таа суспензија, Мурињо дефинитивно го завршил својот мандат како тренер на Фенербахче.

Слични содржини