Мицкоски: Очекувам денеска убави вести за македонската економија

од Milan1
32 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто што САД ја воведе за увоз на македонските производи.

-На дневна основа работат тимови и телефонски се слушаме. Очекувам многу скоро денеска убави вести за македонските граѓани и македонската економија, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека Владата и институциите на САД се во постојана комуникација со тамошното министерство за економија, финансии, Стејт Департментот, кабинетот на претседателот Доналд Трамп.

Слични содржини