Американскиот претприемач и директор на американското Одделение за владината ефикасност, Илон Маск, објави видео во кое потсетува дека Русија и САД се многу блиски една до друга.
Маск објави видео на социјалната мрежа „Х“ во кое зборува за географската близина на Русија и забележува дека „не сите Американци знаат дека САД и Русија се всушност многу поблиску едни до други“.
— Elon Musk (@elonmusk) April 7, 2025
Тој објасни дека Русија и САД ги дели само две милји, односно земјите ги дели Беринговиот проток.
„Но, ако погледнеме внимателно, можеме да видиме две островчиња… кои се оддалечени 2,4 милји (3,8 километри)“, се вели во видеото, додавајќи дека понекогаш водата меѓу островот Крузенстерн и островот Ратман замрзнува и границата може да се помине пеш.