Царините на Трамп индиректно ја рушат руската економија, Кремљ е во паника поради цената на нафтата

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за речиси сите земји во светот значително ја намали цената на нафтата, што ја става руската економија на работ на колапс, пишува Киев Индипендент.

Според овој украински весник, Русија го составила својот буџет за 2025 година земајќи предвид дека цената на нафтата е 70 долари за барел.

Сепак, поради царините на Трамп, цената на барел нафта во еден момент падна на 52 долари, екстремно блиску до критичната точка од 50 долари.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека падот на цената на нафтата се должи на царините на Трамп.

Во Русија 30 отсто од државниот буџет доаѓа од продажба на нафта и природен гас, поради што царините на Трамп, поточно нивните последици се особено критични за оваа земја.

Тие забележуваат и дека ова е втор месец како руската економија е во криза, без разлика што цената на нафтата скокна во март.

Бидејќи сè уште нема договор за прекин на огнот во Украина, руската војска би можела да биде најголемиот губитник во овој развој на настаните. Русија троши 145,9 милијарди долари за својата војска, според буџетот за тековната година.

Слични содржини