Кирков: Повторно угинаа животни во скопската Зоолошка, кога ќе престане хоророт?

од Nikola Popovski
30 прегледи

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков тврди дека угинале нови животни во скопската Зоолошка градина. Како што објави на социјалните мрежи, угинале две лами од редок вид, а од институцијата засега не се огласуваат.

-Според неофицијалните информации кои ги поседувам, ламите починале викендов а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза. Како се терапирани овие животни и дали , кој ги лекувал и дали ќе покаже патолошкиот наод и истрагата. Подолго време укажувам и апелирам дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кон дo пред година дена беше аниматор за детски родендени, не го спорам неговото образование, но за познавање и искуството се сомневам а и по се што се случи и сите се сомневаме. До кога? Ќе има ли одговорност? Што е следно и дали е време да конечно престане овој хорор, прашува Кирков.

Кон средината на февруари годинава, Зоолошката градина го негираше тврдењето за угинување на над 40 животни, кое што се појави во дел од медиумите по обвинувањата од дел од партиите. Оттаму велат дека моментално се дом на 646 животни, од 91 видови, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и имаат грижа и љубов кон сите животни.

Пред една недела, Скопската зоолошка градина се пофали со принова. Се родија три нови мајмунчиња. Како што објавија од Зоолошката, ова се најбрзите мајмуни кои трчаат и до 55 км на час.

Слични содржини