Тројца од повредените во Кочани кои беа хоспитализирани во Бугарија се враќаат во Македонија

од Nikola Popovski
78 прегледи

Тројца од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во Бугарија, се отпуштени од болниците во Пловдив и Варна и се пуштени на домашно лекување. Ова за бугарската „БТА“ го соопштиле од тамошните здравствени установи. Уште тројца од повредените се хоспитализирани во болниците.

Од тројцата повредени лица кои биле хоспитализирани во болницата во Варна, двајца се отпуштени пред неколку дена, а лекувањето на третиот пациент се уште трае.

Пред неколку дена четворица пациенти хоспитализирани по трагедијата беа испишани од болницата „Пирогов“ во Софија. Уште четворица останаа во болница.

Во пожарот беа повредени речиси 200 луѓе, а загинаа 61 лице. Некои од повредените беа пренесени на лекување во земји низ Европа и соседството, а 14 лица беа примени на лекување во Бугарија.

Слични содржини