Мбапе исклучен поради „насилен“ старт, Реал сепак славеше

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Алавеш на домашен терен беше поразен од Реал Мадрид со резултат 0:1 (0:1) во 31. коло во Ла Лига, што воедно е прв триумф за избраниците на Карло Анчелоти со минимален резултат сезонава во Примера, а само втор во сите натпреварувања.

Сепак, трите бода и резултатот не го привлекоа вниманието на мадриѓаните, туку црвениот картон што ѕвездата на Лос Бланкос, Килијан Мбапе го заработи во првото полувреме.

Мадриѓаните по овој натпревар остануваат на второто место со 66 бодови, четири бода зад Барселона.

Слични содржини