Според податоците на Евростат, објавени во извештајот на „Visual Capitalist“, Македонија забележала послаб раст во однос на животниот стандард во периодот од 2014 до 2023 година.
Со раст од 27% на реалниот БДП по глава на жител, кој изнесува дополнителни 1.370 евра, Македонија се позиционирала како една од земјите со послаб напредок во регионот на Западен Балкан, но и во поширокиот европски контекст.
Во споредба со другите земји, Словенија остварила раст од 29% (+5.560 евра), додека Србија забележа значителен скок од 50% (+2.970 евра). Црна Гора исто така има солиден резултат со раст од 30%, додека Хрватска е меѓу водечките земји во регионот со раст од 48% (+5.430 евра). Овој тренд укажува дека земјите од Источна Европа, вклучително и регионот на поранешна Југославија, бележат побрз раст од Западна Европа, што се припишува на силните економски врски со ЕУ, потрошувачката и општиот економски напредок.