Шпанска „Марка“ објави дека легендарниот Кристијано Роналдо ќе потпише нов двегодишен договор со арапскиот Ал-Наср, при што Португалецот ќе решава за втората година.
Така, еден од најдобрите играчи на сите времиња својата богата фудбалска кариера ќе ја заврши на Арапскиот Полуостров, а не во Европа како што се надеваа неговите навивачи.
Имено, Роналдо во 2023 година замина во Саудиска Арабија, а иако постоеше можност за негово враќање во португалски Спортинг, каде ги направи првите професионални чекори, се чини дека ништо нема да излезе од тоа. Многумина мислат дека тој ја донел оваа одлука за да стигне до бројката од 1.000 гола, а моментално има 933. Целта на Роналдо е да игра на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во својата славна кариера, Роналдо играше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, од каде што се пресели во Реал Мадрид, каде што стана еден од најголемите играчи во историјата на клубот. Со Кралскиот клуб освои две шампионски титули на Шпанија, два Купа и неверојатни четири Лига на шампиони. После тоа, тој се приклучи на Јувентус и се врати во Јунајтед, каде што немаше толку забележителни резултати како во првиот мандат со англискиот гигант, а потоа замина во споменатиот Ал-Наср.
Тој во кариерата има освоено пет „Златни топки“ и ја предводеше репрезентацијата до првата историска титула на Европското првенство во 2016 година.