Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

од Vladimir Zorba
24 прегледи

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини пронајде непријавени 1.944 парчиња сребрен накит со тежина од 5,4 килограми и две сребрени плочки со тежина од еден килограм. Дополнително во сандакот за алат под долниот кревет и под возачкото седиште биле пронајдени и 20 штеки цигари, меѓу кои Малборо и Мурати.

Имено, сторителот откако ја натоварил стоката во Истанбул, се договорил да преземе две ќеси сребро и да го пренесе во Скопје за одреден надомест. Истите ги скрил во делот на фиоките кај совозачкото седиште и во делот на возачкото седиште позади пластиките кај електрониката, по што се упатил кон нашата држава.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка.

Слични содржини