Поранешниот тренер на Ливерпул и актуелен директор на Ред Бул, Јирген Клоп, би можел да се врати на тренерската работа по едногодишна пауза.
По пристигнувањето во Лајпциг, легендарниот тренер загуби неколку свои соработници и луѓе на кои им веруваше. Иако е директор, Клоп немаше големо влијание за отпуштањата на важните клупски челници. Се чини дека Германецот не е задоволен од ситуацијата во РБ Лајпциг, а за неговата иднина проговори и бразилскиот новинар Бруно Андраде.
„Додека Бразилската фудбалска конфедерација работи напорно за да регрутира големо име на тренерската позиција, Јирген Клоп не се чувствува среќен во неговата позиција како директор за фудбал во Ред Бул. Блиски луѓе на Клоп неодамна изјавија дека тој со задоволство би ја напуштил работата доколку му се укаже можност да ја води репрезентацијата на Бразил или Реал Мадрид“, тврди новинарот
Иако долгогодишниот тренер на Ливерпул се поврзува со Кралскиот клуб, со оглед на многу веројатното заминување на Карло Анчелоти на крајот од сезоната, прв фаворит за наследник на Италијанецот моментално е Чаби Алонсо.
Останува да видиме дали Клоп ќе предводи уште еден фудбалски гигант по Ливерпул.