282
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во интервју на „Топ Тема“ предупреди на сериозната состојба со културното наследство, посочувајќи на недостаток од инфраструктура и системска грижа. Како пример го наведе Кокино, каде нема ни струја.
Тој најави законски измени кои ќе овозможат вклучување на приватниот сектор преку јавно-приватни партнерства, со цел одржливо управување и искористување на културното наследство.
Во однос на архитектонскиот брутализам, Љутков рече дека прекривањето на оригинални објекти било погрешен пристап, но додаде дека постои можност тие да се вратат во првобитна форма.