Љубов за милион долари: Џорџина со веренички прстен од Роналдо?

од Љубиша Владимиров
115 прегледи

Нивната љубов трае веќе осум години, а сега можеби следува и следниот голем чекор. Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, еден од најпознатите спортски и модни парови во светот, можеби конечно решија да стапат во брак. Имено, Џорџина неодамна објави фотографија на „Инстаграм“, на која носи прстен на четвртиот прст од левата рака. Иако официјално не потврди дека станува збор за веренички прстен, неговиот изглед, бојата, големината на дијамантот и положбата јасно укажуваат на таа можност. Фотографијата беше објавена на 14 април 2025 година, со опис на арапски јазик: „И злото нека биде далеку од нас, Амин.“

Некои претпоставуваат дека овие зборови се одговор на неодамнешните онлајн закани што парот ги добивал, што наводно ги натерало да ја зголемат својата безбедност. Иако деталите за прстенот сè уште не се официјално објавени, јасно е дека станува збор за исклучително скапоцено парче. Според Емили Штрос, основач на брендот EF Collection, дијамантот во форма на смарагд најверојатно има повеќе од 10, можеби и над 15 карати. Тој е поставен во платина и е придружен со тенки багетски дијаманти на страните.

„Можно е дијамантот да е од највисок квалитет (боја D, без никакви недостатоци), со извонредна изработка“, изјави Штрос.

Со оглед на тоа што Роналдо е еден од најплатените спортисти во светот, со договори вредни повеќе од 200 милиони долари годишно, не е изненадувачки што вложил толку голема сума во прстен за својата партнерка.

Проценките сугерираат дека прстенот може да вреди и до 1 милион долари, но точната вредност зависи од специфичната тежина и квалитет на дијамантот. Иако ниту Кристијано ниту Џорџина официјално не ја потврдија свршувачката, темата за брак одамна е присутна во нивните јавни настапи и во серијата на Нетфликс – I Am Georgina. Во едно интервју, Џорџина откри дека нејзините пријатели постојано ја прашувале: „Кога е свадбата?“

Кристијано, пак, бил повнимателен во своите изјави, нагласувајќи дека го чека вистинскиот момент и „кликот“ меѓу нив. Иако избегнал конкретен одговор, сепак изјавил: „1000 отсто сум сигурен дека тоа ќе се случи.“

Љубовната приказна на парот започна во 2016 година, кога Џорџина работеше како асистент за продажба во продавницата на Гучи, а Кристијано беше играч на Реал Мадрид. Сам Роналдо признал дека на почетокот не верувал дека нивната врска ќе стане толку силна, но со текот на времето сфатил дека Џорџина е жената на неговиот живот.

„Тој е одличен, многу нормален човек. Сонував да го имам мојот принц покрај себе – и сега го имам“, изјави Џорџина во серијата I Am Georgina.

Слични содржини