Откако беше осудена на петгодишна забрана од политиката, на лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен и беа одземени сите политички мандати на национално ниво, освен функцијата советник, која засега ќе ја задржи во локалната власт на департманот Па де Кале.
Указот за официјализирање на губењето на мандатот на Марин Ле Пен беше издаден оваа недела, објави префектурата Па-де-Кале, пишува дневниот весник Le Monde.
На 31 март Марин Ле Пен беше осудена на четири години затвор, од кои две требаше да ги издржува под електронски мониторинг, и парична казна од 100.000 евра, како и итна забрана за избори во траење од пет години, што ја загрозува нејзината кандидатура за претседателските избори во 2027 година.