Наместо дома, заврши во полиција – штипјанец возел пијан по полноќ

од Љубиша Владимиров
496 прегледи

Во раните утрински часови во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле 44-годишниот З.С. од истиот град. При спроведување на рутинска контрола на патниот сообраќај, бил запрен патнички автомобил од марката „Хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управуван од З.С.

По извршената проверка, било утврдено дека возачот управувал со возилото под дејство на алкохол, измерени биле 1,55 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициската станица.

Откако случајот ќе биде целосно документиран, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични содржини