Стела објасни што е причината за несреќата на Ландо Норис

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Шефот на Мекларен, Андреа Стела се обиде да објасни што е можно подетално што е причината за несреќата на Ландо Норис вчера во третиот дел од квалификациите. Британецот беше најбрзиот возач во поголемиот дел од викендот и фаворит за пол-позицијата, но излета на излезот од свиокот 4 и остана без време во решавачката битка за пол-позицијата.

„Ландо беше многу брз и конкурентен цел викенд“, изјави Стела. „Секоја сесија, секој сет на гуми, тој поставуваше добри кругови. Но, мислам дека во третиот дел од квалификациите, кога Ландо се обиде да исцеди уште неколку милисекунди од болидот, видовме дека болидот не реагира како што очекуваше“.

Стела објасни дека подуправувањето во свиокот 4 го изненадило Норис и исто така потврди дека неодамнешните промени во MCL39 го направиле болидот побрз, но и понепредвидлив во критичните ситуации.

„Оваа реакција го изненади Ландо. Во свиокот 4 имаше подуправување, тој заврши на надворешниот раб и тоа не простува, како што знаете“, додаде Стела. „Промените на автомобилот го направија побрз, но му одземаа дел од предвидливото однесување кога возачот е на работ од неговите можности. Денешните автомобили се многу брзи, мора да се возат интуитивно, нема време за размислување“.

Слични содржини