Американскиот претседател Доналд Трамп го честиташе Велигден, а во својата објава ја спомена и првата дама на Америка, неговата сопруга Меланија Трамп.
„Меланија и јас им посакувам3 на сите многу среќен Велигден! Без разлика дали одите во црква или ја следите службата од дома, овој ден нека биде исполнет со мир и радост за сите кои го слават Воскресението на Исус Христос. Христос воскресна”, напиша Трамп на социјалната мрежа Вистина.
Набргу потоа објави уште една објава, но пораката имаше сосема поинаков тон.
„Среќен Велигден на сите, вклучително и на радикалните левичарски лудаци кои работат толку напорно и заговараат да вратат во нашата земја убијци, нарко босови, опасни затвореници, ментално болни, познати членови на бандата МС-13 и насилници на жени. Среќен Велигден на слабите и неефикасни судии и службеници за спроведување на законот кои дозволуваат овој злобен напад врз нашата нација да продолжи – напад толку насилен што никогаш нема да биде заборавен“, порачал Трамп во објавата.
Тој не ја пропушти можноста да го „чепне“ и поранешниот американски претседател Џо Бајден.
„Заспаниот Џо Бајден намерно дозволи милиони криминалци да влезат во нашата земја, целосно неконтролирани и непроверени, преку политика на отворени граници, која ќе биде означена како најдеструктивна акција досега направена за Америка. Тој е, убедливо, нашиот најлош и најнеспособен претседател, човек кој апсолутно не знаеше што прави…“, додаде меѓу другото лидерот на САД.